Развојот на автобускиот сообраѓај на еден град е тесно поврзан со развојот на самиот град. Градот Скопје има, речиси, вековна традиција кога станува збор за главната автобуска станица.
Поради низа на причини нејзината локација не била постојана со текот на времето, но како објект секогаш ја обавувала својата должност.
Меѓународната автобуска станица во Скопје е најголемата автобуска станица во Република Македонија. Станува збор за автобуска станица која што спроведува најголем број на возни редови, како во земјата така во странство.
Не постои поголемо место во Република Македонија до кое што нема возен ред од Скопје до него и обратно. Исто така треба да се истакне дека од автобуската станица се возат и меѓународни возни редови. Во моментов од Скопје тргнуваат автобуси кон 20 европски држави.
Секоја година бројот на возни редови кои што се реализираат од автобуската станица се зголемува. Исто така треба да се истакне дека и бројот на патници кои што ги користат услугите на автобуската од година во година расте.
На следната линија на времето може да ги забележите најважните моменти од развојот на Меѓународната автобуска станица во Скопје.
-
1966
По земјотресот во 1963 година, тогашниот најпознат јапонски архитект Кензо Танге бил ангажиран да го изработи урбанистичкиот план на градот Скопје.
Како дел од тој проект била и изградбата на модерната железничка станица, на чија локација се наоѓа и денешната автобуска станица.
-
2003
Во 2003 година се започнува со изработка на проект план за новата автобуска станица.
Во истата се предвидени 31 перон од кои 7 се наменети за пристигнување, додека 24 за поаѓање. Идејата на проектот е заснована на високите европски стандарди за да во целост одговара не само на потребите на жителите на Скопје, туку на целата наша земја, регионот и пошироко.
-
2004
2004 е година кога проектниот план е комплетно завршен и се пристапува кон негова реализација.
Пристапот на станицата е направен со влезно – излезно решение, кое нуди брз проток на автобуси, како и сепарирање на патниците кои пристигнуваат и заминуваат од истата.
-
2005
Отворена новата автобуска станица која се простира на вкупна површина од 2670 метри квадратни и е дадена на 10 годишна концесија на Руле Турс ДОО. Карактеристичен модерен стилски изглед, споен со мултифункционалноста на објектот и квалитетната услуга придонесува за исполнување на стандарди во модерниот свет
-
2007
Поради професнионалниот однос на раководството, за многу кратко време се отвараат ресторани, туристички агенции, осигурителни друштва, тобако, казино и неколку кафетерии. Можностите кои ги нуди меѓуградската станица придонесе услугите да ги користат над 150 транспортни претпријатија
-
2009
За комфорен престој на патниците се грижи 90 член високо професионален персонал. Задоволството на патниците е наш најголем успех. Секој ден, 24 часа, 365 дена во годината автобуската станица е отворена за патниците. Располага со три чекални за патниците,паркинг за автобуси, гардероба- која работи 24 часа, менувачница, тоалет
-
2013
Анализите и фактичката состојба зборуваат дека можат да ги задоволат потребите на автотранспортниот сообраќај до 2050 година
+
-